Јандроковиќ во Белград: Мора да ги решаваме отворените прашања

Претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ изјави дека неговата посета на Белград е продолжување на политичкиот дијалог меѓу двете земји.

63

Претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ изјави дека неговата посета на Белград е продолжување на политичкиот дијалог меѓу двете земји по неодамнешната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Загреб.

По средбата со српската колешка Маја Гојковиќ, Јандровиќ соопшти дека на средбата се разговарало за парламентарната соработка, економските односи меѓу Србија и Хрватска, како и за состојбата на националните малцинства.

– Свесни сме за отворените прашања од минатото, свесни сме дека мора да ги решаваме, но тоа не можеме да го постигнеме доколку не разговараме. Многу е важно да се разговара, да се разменуваат мислења, па и за оние теми за кои не се согласуваме. Затоа сум сега овде, без оглед на критиките, изјави претседателот на хрватскиот Парламент.

Тој оцени дека средбата меѓу претседателите на двата парламенти е многу важна и воедно потенцираше дека тој е првиот претседател на Саборот кој претстојува во официјална посета на Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...