Македонската академија на науките и уметностите согласно Преспанскиот договор ќе го промени име, но ќе си ја задржи досегашната кратенка.
– МАНУ ќе ја задржи кратенката, долгото име не може да биде како што било. Кратенката останува, а академиците ќе го утврдат долгото име на институцијата – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Премиерот Зоран Заев во јавноста веќе спомена две можни опции за долгото име: Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија. Меѓутоа, конечната одлука ќе ја имаат академиците.