Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане ја објави својата желба да игра за тимот до крајот на кариерата.
– Многу сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. Ми се допаѓа овде. Се надевам дека ќе останам овде засекогаш, изјави Мане за сенегалскаѕа ТВ2.
Дваесет и седум-годишниот Мане игра во Ливерпул од 2016 година. Заедно со тимот, тој ги освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА. Тој забележа вкупно 136 натпревари, постигна 68 гола и 24 асистенции.
Денес од 17:30 часот, Ливерпул го пречекува Тотенхем на „Енфилд“ во дербито во Премиер лигата.
ФОТО: EPA / PETER POWELL