Сенегалецот Садио Мане останува во Ливерпул најмалку до 2023 година – соопшти клубот од „Енфилд“. Мане го продолжи договорот со „црвените“ и со тоа се отфрлени шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
– Ја донесов најдобрата одлука во мојата кариера. Се наоѓам во вистински клуб со вистински тренер. Уште кога ја добив првата шанса да дојдам во Ливерпул, не размислував многу – изјави Мане.
Тој, заедно со Салах и Фирмињо, се ударното напаѓачко трио на Ливерпул.
Досега во сезоната Мане има постигнато шест погодоци.