Британската манекенка Тес Холидеј прошетала на пистата на Модната недела во Њујорк во тесен бел фустан и ги покажала своите 127 килограми со кои се гордее.
Тес на пистата се држела за градите и ја провоцирала публиката па многумина биле воодушевени од самовербата која ја има оваа 34-годишна британска манекенка.
Британката со белиот носела и бели влечки на пистата, а шминката ѝ била исто така впечатлива – црвениот кармин и сината сенка за очи ѝ осигурале инстант слава, така што последните два дена е главен хит на настанот.
Британката неколкупати познатиот водител и новинар Пирс Морган ја искритикува дека не станува збор за плус-сајз манекенка, туку за дебела жена која не треба да се промовира во медиумите. Морган го осуди уредништвото на познатиот магазин кој ја фотографираше Тес за насловната страна и истакна дека со помош на Тес се промовира нездрав начин на животот и дебелина.
FOTO: Instagram/Printskrin