Маневски: Имаме проблем, градот е полн со кучиња, за што фрламе пари?

Дел од советниците во градското собрание предложија парите да се користат за медицински третман на животните во Вардариште бидејќи, како што рекоа, секоја друга употреба на тие средства би била бесмислена.

631
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Од 12 на 3 милиони денари опрема за Вардариште. Но за каква опрема? Канчиња за храна? Што ќе се прави? Ќе кажеме на јавноста што сме изгласале а тие кучиња страдаат и касаат луѓе, праша советникот во Град Скопје Михајло Маневски на денешната седница на Град Скопје на која меѓу точките е предлог одлука за изменување на одлуката за субвенционирање на ЈП „Комунална хигиена“.

– Имаме реален проблем, градот е полн со кучиња. Извештајот е копи пејст. Никаква суштина. Да фрлиме три милиони денари за што? – рече Маневски.

Советници рекоа дека, како што им било кажано, кучиња пуштени од Вардариште имале шуга, имало и други болести, а некоја се пренесувала и на луѓе. Дел од советниците во градското собрание предложија парите да се користат за медицински третман на животните во Вардариште бидејќи, како што рекоа, секоја друга употреба на тие средства би била бесмислена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...