Мандиќ со полициска придружба донесена во Кривичен

1409

Со полициска придружба во Во Кривичниот суд е донесена Јасна Мандиќ, потпретседателката на „Меѓународен сојуз“ и една од осомничените во истражната постапка против пет физички и едно правно лице, поради постоење основано сомнение за помагање при извршување на кривичното дело „измама“.

Мандиќ, е една од новоосомничените во проширената истрага за „Рекет“. За неа обвинителството бара мерка притвор.

Во истражната постапка што се спроведува по наредба на Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, првоосомничениот се сомничи дека сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „измама“, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...