Седницата ќе ја води заменик-претседателката Снежана Калевска Ванчева, бидејќи претседателот на комисијата Павле Богоевски во четвртоко поднесе оставка од пратеничката функција.
ВМРО – ДПМНЕ дененска повтори дека причините за неговото отсуство од македонското собрание се познати – политички азил во Унгарија, но велат дека допрва ќе го градат ставот околу тоа како ќе се изјасни пратеничката група за одземање на неговиот мандат.
Предлогот за одземање на мандатот доаѓа по шест месеци неоправдано отсуство на Груевски од собраниските клупи, откако од ноември лани е во Будимпешта каде доби политички азил.
Станува збор за втор обид, откако во ноември минатата година само 58 пратеници се изјаснија „за“ одземање на мандатот на екс-премеирот, што според Устав, се утврдува со двотретинско мнозинство од најмалку 80 претеници на пленарка.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI