Мандатот на Груевски пред пратениците в среда, наместо утре

Согласно законот, се знае кога и како се одзема мандатот на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти својот став по однос на оваа комисија. Ќе видиме како ќе настапат и другите пратенички групи, соопштија вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

230
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Собраниската комисија на која утре требаше да се разгледува одземањето на мандатот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е осуден на две години казна затвор, е презакажана за в среда, што може да се види на сајтот на Собрание.

Одлуката прво се разгледува на комисија, а за да му се одземе мандатот потребно е двотретинско мнозинство.

Судијата одлучи да не му го одложи одењето во затвор на Груевски и според тоа, тој има три дена да поднесе жалба до Кривичен совет, а Советот има исто толку денови за одлука. Со тоа, на Груевски може да му го одложи одењето во затвор за неколку денови по 8 ноември.

„Согласно законот, се знае кога и како се одзема мандатот на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти својот став по однос на оваа комисија. Ќе видиме како ќе настапат и другите пратенички групи“, соопштија вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...