Малолетно девојче „киднапирало“ дете од Клиниката за детски болести

385

Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за Детски болести настанал инцидент кога Р.З од Скопје пријавила  кај перосоналот дека  детето со кое престојувала на Клиниката не било во собата во која ја примало терапијата, велат од клиниката.

„Случајот веднаш беше пријавен во МВР од страна на вработените по што е  констатирано дека детето било земено и вратено дома од страна нејзината малолетна ќерка. За кратко време детето е вратено повторно на клиниката, е во добра состојба  и ја прима потребната терапија. Клиниката покрај МВР ја контактираше и Службата за социјални работи да го разгледа целиот случај“, се вели во информација од Клиниката за детски боести. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...