Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(25) и две малолетнички на возраст од 15 и 16 години, сите од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „кражби“.
Пријавените ги извршиле кражбите во текот на минатиот и овој месец. Тие влегувале во бутици под изговор да разгледуваат, но го искористувале невниманието на сопствениците и одзеле паричници и чанта. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 215.000 денари.