На крстосницата од село Кадино Село и село Ново Лагово, влез за с.Галичани-прилепско вчера се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „херк“ без регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот Д.Б. од село Кадино Село и мопед „вилта ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16- годишна девојка од село Галичани.
Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот Д.К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.