Малолетничка од Скопје била киднапирана и тепана, таткото едвај ја спасил

1360

Малолетничка од Скопје 10 дена била киднапирана и физички малтретирана во домот на 26-годишен маж.

Како што соопшти МВР, вчера во 3,30 часот 53-годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден, околу 23,50 часот, добил телефонски повик од пријател дека истиот ја забележал неговата 16-годишна ќерка како видно вознемирена се движи по улица во населбата Шуто Оризари.

Џ.Р. се упатил на наведената локација и ја пронашол неговата ќерка, која му кажала дека присилно била држена од страна на  26-годишен маж во неговиот дом.

Тој, според кажувањето на девојката, од 18 мај 2018 година не и дозволувал да го напушти неговиот дом при што физички ја малтретирал.

Од полицијата информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...