Малолетници се степале во билијард, еден е прободен со остар предмет

293
Фото: МВР

Петнаесетгодишен малолетник од Тетово е прободен со остар предмет од друг 16-годишен малолетник од Мала Речица синоќа по претходна расправија, а потоа и фисичка пресметка.

Министерството за внатрешни работи сооптши дека синоќа во 19,05 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ во билијард клуб 16-годишен малолетник од село Мала Речица, Тетово, по претходна расправија, а потоа и физичка пресметка со остар предмет му нанел убодна рана на 15-годишен малолетник од Тетово.

Повредениот малолетник бил пренесен во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош.

Осомничениот малолетник бил приведен во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...