Малолетници од Велес ограбиле и натепале Јапонци кај Катланово

639

Скопската полиција ги откри напаѓачите на двајца јапонски државјани кои завчера биле нападнати на локалниот пат од с.Катланово кон село Брезница.

Се работи за тројца малолетници од Велес  на возраст од 15 до 17 години од кои двајца се приведени. Тие истиот ден во Гостивар одзеле патничко возило „Форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, кое што го употребиле неколку часови подоцна во извршувањето на разбојништвото.

СВР Скопје, по целосно документирање на случајот против лицата ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Како што МВР претходно ја информираше јавноста, напаѓачите откако ги пресретнале јапонските државјани кои со велосипеди се движеле на локалниот пат од с.Катланово кон с.Брезница, физички ги нападнале, и им одзеле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“, притоа нанесувајќи им на оштетените тешки телесни повреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...