Малолетниот син на загинатиот пилот на вести видел дека татко му е мртов

Таа низ солзи повторуваше „Зар детето вака да дознае дека остана без татко? Не стигнав ни да го подготвам“, рекол очевидец за потресната сцена.

862

На местото на несреќата каде загина 47-годишниот Владимир Булат од Белград, се појавила и неговата поранешна сопруга, со која имал малолетен син, пренесува „Курир.рс“.

Жената била видно потресена и не престанала да плаче.

– Рече дека нејзиниот син на вести на мобилен телефон видел слика од својот татко и така дознал дека загинал. Таа низ солзи повторуваше „Зар детето вака да дознае дека остана без татко? Не стигнав ни да го подготвам“ – рекол очевидец за потресната сцена.

Пилотот загина вчера во пад на авион Злин 526Ф, кој  се срушил близу до аеродромот Ечка.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...