Полицијата ќе поднесе соодветна пријава против малолетник од Рашче во чиј автомобил пронашла пиштол од марка „Walter“.
Како што соопшти полицијата, малолетникот кој возел „фолксваген пасат“ вчера е сопрен од сообраќајната полиција на улица Кузман Шакапрев во Скопје и при преглед на возилото е откриен пиштолот.
„При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението.