Со фотки на Фејсбук малолетник ја уценувал девојката што му раскинала

181

Седумнаестгодишен кумановец по прекинувањето на љубовна врска со 15-годишно девојче, креирал лажен профил на Фејсбук и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од неа.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15-годишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката“, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...