Малолетник избегал од дом, ја нападнал мајка си и со нож се заканувал во продавница

447

Малолетник на возраст од 17 години, кој бил штитеник на домот „Ранка Милановиќ, вчера во полициската станица во Гази Баба е пријавен дека самоволно ја напуштил установата, а во текот на денот до скопската полиција стигнале уште две пријави за него.

Неговата мајка попладнето во полициската станица Кисела Вода пријавила дека во семејниот дом 17-годишниот син физички ја нападнал, а во истата станица продавачка пријавила дека истиот малолетник со нож влегол во продавницата каде работела и ѝ се заканувал.

Тинејџерот е приведен и вратен во установата, а против него ќе се поднесе и пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...