Малолетна мајка, на возраст о 17 години, која лежела со нејзиното дете на Клиниката за детски болести, избегала од клиниката за да не ги плати трошоците бидејќи била неосигурана, а покрај незиното земала уште едно дете, кое исто така, било сместено во клиниката со неговата мајка.
Тоа се случило во моментот кога мајката на „украденото“ дете на момент излегла од клиниката.
Меѓутоа, според соопштението од полицијата, по кратко време мајката била контактирана од домашните кои и рекле дека 17-годишното лице го однела нејзиното дете дома.