Малолетна Албанка е мајка на бебето најдено во Битола

630

СВР-Битола соопшти дека е утврден идентитетот на мајката чие женско бебе деновиве беше пронајдено оставено пред вратите на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола.

Истрагата е завршена и утврдено е дека станува збор за малолетна девојка со албанско етничко потекло која живее во општина Тетово, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

– Мајката на пронајденото женско бебе е жител на општина Тетово. Таа е малолетна бидејќи не наполнила 18 години. Согласно закон и процедура овој случај ќе продолжи со активности што се од надлежност на Центрите за социјална работа во Битола и Тетово, додека пак полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава – потврди Стаматова.

Женското бебе по пронаоѓањето пред вратата на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца, веќе е згрижено во таа установа во Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...