На денешната седница не беше донесена одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор врз Оперативно-техничката агенција. Согласно Законот за следење на комуникациите ова тело треба да брои седум члена, од кои тројца експерти и тројца претстваници од невладиниот сектор со искуство во областа на правото, телекомуникациите и информатичките технологи или заштита на основните човекови права, безбедноста и одбраната.
Димовски рече дека на распишаниот оглас согласно собраниската одлука од 18 октомври 2018 година, се пријавиле вкупно осум кандидати од кои седум ги исполнуваат критериумите. Тој предложи да се поништи овој оглас за да се распише нов на кој како што рече, би се јавиле повеќе кандидати со што би се направил квалитетен избор.
– Не сакам да бидам во ситуација за која ова значајано тело, кое треба да гарантира некаква безбедност и контрола врз следњето на комуникациите во РМ, тема која што е болна на неколку пати во изминатите 27 години, да биде изгласано со надгласување, без консензус од сите значајни фактори во Собранието. На тој начин Собранието ќе прати порака до граѓаните дека работите не се расчистени, односно дека сѐ уште има виосок степен на недоверба – рече Димовски.
Ивана Туфекџиќ од СДСМ побара првично да се направи делумен избор на четири од потребните седум кандидати, а проблемот со малиот интерес за членување во ова важно тело го лоцира во малата видливост, односно јавноста на огласот.
– За да реално ја вратиме довербата, имаме одлични кандидати кои се пријавени од областа на човековите права, имаме и информатичар кој е во двојна улога и на информатичар и на човекови права, да избереме денеска четири кандидати иако опозицијата ќе го спори бидејќи во принцип треба да се гласа во целост за шест члена и претсдеател, за да може да се постави ненанков траг додека почнуваме во смисла на формирањето на овој совет и за дополнителните членови да распишеме оглас. Важно е да ги охрабриме информатичарите и оние од областа на телекомуникациите да се пријавуваат на ваков тип огласи – рече Туфекџиќ.
Координаторото на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алити и Африм Гаши од БЕСА побараа да се поништи огласот бидејќи нема пријавено кандидати од заедниците, а во телото треба да биде застапен принципот на правична застапеност.
Меѓу осумте кандидати пријавени на огласот се и професорите Гордан Калајџиев, Катарина Крстевска Савовска, судиjката Маргарита Цаца Николовска, доцент д-р Ице Илиевски, Жаклина Пауновска, дипломираниот воен офицер Сашко Јанев, програмскиот директор на ,,Метаморфозис“ Филип Стојановски и извршениот директор на ,,Зенит“ Александар Николов.
За оваа точка че се одлулува на седница на Комисијата во понеделник.