Триесетина лица се собраа претпладнево пред Собранието на Македонија за да протестираат против потребата за уставни измени со цел промена на името на нашата држава.
Демонстрантите сметаат дека нема да има мнозинство со цел да се донесат измените. Тие бараат Владата итно да си поднесе оставка и да одговара за предавство.
Секој момент треба да почне 61. седница на Собранието на која точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.
Фото: Плусинфо