Дени Бејкер, англиски писател, новинар, сценарист и радиски водител на Би-би-си добил отказ откако најновата кралска принова, малиот Арчи, ја споредил со шимпанзо.
Кралското бебе ја напушта болницата, напишал на Твитер Дени Бејкер, славниот радиски водител под црно-белата фотографија на мажот и жената кои за рака водат шимпанзо облечено во момче.
Тој тврди дека во прашање е само шега, но таа реченица му донесе отказ од Би-би-си, медиумската куќа во која работел од 1989 година.
Откако неговата „шега“ предизвика згрозување на социјалните мрежи и обвиненија дека станува збор за чист расизам, Бакер ја отстранил фотографијата и се извинил.
„Се извинувам за фотографијата со мајмунчето во отмен костум која некои ги налути. Таа споредба никогаш не ми падна напамет, бидејќи мојот ум не е толку болен. Веднаш откако се појавија смислените критики, ја тргнав објавата. Тоа е тоа, напишал на Твитер Бејкер.
Откако неговата објава ги заинтересерила медиумите ширум светот, било само прашање на време кога Би-би-си ќе го отпушти Бејкер. И тоа на крајот и се случило.
FOTO: Printskrin/Tviter