Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и другите социјални мрежи на вработените оти, како што вели, тие наместо да работат, си пишувале статуси и се снимале за да објават на интернет. Тој смета дека со оваа забрана ќе ги дисциплинира вработените во СОЗР, објави „Макфакс“.
– Ги поминаа сите граници, никој ништо не работи. Јас, како прв човек, знам што се случува. Знам дека вработените постојано имаат отворено Фејсбук и пишуваат статуси додека се на работа. Знам точно што сум исклучил. Јас правам цело време проверки, ова не е првпат да има ваков проблем, тој постојано се провлекуваше. Се снимаат додека се на работа за да објават на социјалните мрежи. По 16:30 часот нека прават што сакаат, ама по работното време – вели Мирчески за „Макфакс“.
Новината е воведена во средата. Повеќе на следниот линк.