Комисијата за избори и именувања едногласно гласаше Максим Ацевски да биде новиот државен ревизор. Предлогот за новиот ревизор Комисијата ќе го достави до Собранието.
Со ова заврши двегодишната драма и Државниот завод за ревизија конечно ќе добие прв човек.
Максим Ацевски е дипломиран економист од Велес. На неговиот профил на социјалната мрежа Линкедин пишува дека завршил факултет во 1985 година, а во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Тој е еден од ретките ревизори што настапувал во медиумите, при што зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, но и за односот на надлежните институции кон неправилностите што ги регистрираат ревизорите