Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја заврши дводневната посета на Белград, а пред самото полетување за Париз, на Инстаграм објавил порака за српскиот претседател Александар Вучиќ.
Макрон на кирилица напишал „голема благодарност до Вучиќ“ на своето стори, со видео од срдечното поздравување со претседателот на Србија.
Ова не е единственото видео кое тој го објави на социјалните мрежи. Меѓудругото, тој објави и видео од неговиот говор на српски јазик.
ФОТО: Принтскрин / Инстаграм