Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека смртта на водачот на т.н. Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е голем удар за терористичката организација, но истакна дека тоа е само една фаза во борбата против истата.
„Смртта на Ел Багдади е тежок удар за Исламската држава, но тоа е само една фаза. Со нашите партнери во меѓународната коалиција, борбата продолжува до крајниот пораз на оваа терористичка организација. Тоа е нашиот приоритет на Блискиот исток”, напиша Макрон на Твитер.
Makron-EPA-MICHEL-EULER-POOL