Макрон расипувач на забава, предупреди да не се брза со проширувањето

Според дипломати, Франција искажува скептицизам кон препораката на Европската комисија за почнување преговори за членство со Албанија и Македонија.

441

Францускиот претседател Емануел Макрон остро предупреди да не се избрзува со проширувањето на ЕУ со што покажа дека шесте балкански земји кои сакаат да станат членки може да се соочат со тешка задача, пишува британскиот весник „Фајненшл Тајмс“.

На вчерашниот Самит во Софија Макрон изјави дека ЕУ избрзала со проширувањето по последниот Самит за Западен Балкан кој се одржа во 2003 година и последните 15 години покажале дека тој пат ја ослабнува Европа. Францускиот претседател истакна дека го поддржува поврзувањето на Балканот со Европа, но предупреди дека Брисел може да гледа многу претпазливо на секое ново проширување.

Според дипломати, Франција искажува скептицизам кон препораката на Европската комисија за почнување преговори за членство со Албанија и Македонија. Лидерите на Унијата може да гласаат за тоа на следната средба, пишува „Фајненшл Тајмс“ истакнувајќи дека францускиот претседател веќе изјавил оти Европа треба да се реформира пред да мисли на нови членови.

ФОТО: твитер, ЕУ-Западен Балкан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...