Франција е подготвена да стави вето на барањето на Велика Британија за одложување на Брегзит доколку Лондон не понуди никаков алтернативен план или, пак, со тоа се загрозуваат институциите на ЕУ, соопшти кабинетот на претседателот Емануел Макрон.
– Тоа е можно сценарио доколку не се исполнат условите за одложување на Брегзит – истакна француски официјален претставник на прашањето за можно вето од страна на Париз.
Тој нагласи дека евентуалното одложување на Брегзит мора да го поддржат сите земји членки на Унијата.
Фото: ЕПА / ETIENNE LAURENT/POOL