Францускиот претседател Емануел макрон истакна дека 31 октомври е последен рок за повеќепати одложуваниот Брегзит.
– Сметам дека тоа треба да биде крајниот рок, затоа што не сакам новиот состав на Европската комисија да се занимава со тоа прашање – истакна Макрон.
Тој рече дека ново одложување би било голема грешка.
Сепак, постои исклучок за продолжување на рокот, а тоа е евентуален нов референдум за Брегзит.
– Пролонгирање е остварливо доколку имаме нов референдум или нов модел кој би бил прифатлив за останатите членки и за нашиот преговарач- потенцираше Макрон.
Фото: EPA-KATIA-CHRISTODOULOU