Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека ќе ја ограничи праксата други земји да праќаат имами и учители во Франција, со цел да го запри „сепаратизмот“.
Тој наведе дека постепено ќе го ограничи системот според кој Алжир, Мароко и Турција испраќаат имами во Франција, додавајќи дека со тие земји постигнал договор освен со Турција.
– Нема да и дозволам на ниту една земја да не храни со сепаратизам – посочи Макрон, додавајќи оти ставањето крај на исламскиот конзуларен систем е важен за да се ограничи странското влијание и да се обезбеди почитување на француските закони.
Тој наведе дека Алжир, Мароко и Турција годишно во Франција испраќаат 300 имами. Макрон истакна и дека побарал од француските институции кои го претставуваат исламот да обезбедат имамите да се обучуваат на француска територија.