Макрон лично ќе му ја објасни на Заев методологијата на проширувањето

Тимоние засега нема информација кога Макрон би ја посетил земјава.

732

Ништо не е затворено, пред нас е загрепскиот хоризонт и веќе е почната работа кај француската страна, рече денеска на прес-конференција францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на прашањето дали проширувањето на ЕУ е клинички мртво.

– Макрон ги призна реформите и треба да кажеме дека и ние и вие треба да бидете спремни. Ние не сме подготвени. Не треба прстот да го вперите во Франција, треба да се одработи методологијата на проширувањето. Има работа која е во тек, која е почната од пред неколку месеци, затоа не би сакал да ги откривам тајните од бриселскиот состанок, но има точка за која не бевме сами, изолирани, а тоа е прашањето за методологијата за проширувањето. Ние сме спремни да го иницираме тој процес. Искрено се надевам дека ќе може многу бргу да ве известам подетално, но јасно е дека на нашите партнери треба да им предложиме дека ќе се случат вистински преговори и дека тоа ќе биде добра тема за време на претседателската посета на земјите кои беа засегнати, да ги презентираме своите идеи. При европска криза вистински да си ги поставиме прашањата бидејќи во политиката првата реакција е прво да се скријат работите под тепих, а потоа тие излегуваат на површина. Убеден сум во перспективата на Макрон и на сите мои колеги за методологија, која ќе му овозможи на регионот да си го најде своето место. Има голем континуитет. Јас можам да кажам дека за Макрон европското прашање е од суштинско значење и тој беше избран токму за тоа. Тоа е европски проект – рече Тимоние.

Тој додаде дека треба да се најде методологија која ќе го интегрира целиот регион, бидејќи тој има проблеми со национализмот. Тимоние засега нема информација кога Макрон би ја посетил земјава.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...