Зад кулисите на НАТО Самитот во Лондон, кој го обележаа неколку значајни состаноци меѓу премиерите и претседателите, камерите забележаа како канадскиот премиер Џастин Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон го озборуваат Доналд Трамп во Бакингемската палата.
Макрон, кој го провоцираше Трамп со изјавата дека НАТО е во „состојба на мозочна смрт”, е фатен како говори против непознат соработник во разговор со Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и холандскиот – Марк Руте. Шегата е на сметка на нечија „40-минутна конференција“ поради која Макрон доцнел.
Според многумина, забелешката се однесува на состанокот Макрон – Трамп претходно тој ден. Трудо пак, натаму ќе рече: „Штотуку видовте како членовите на неговиот тим (наводно, на Трамп), останаа со отворена уста”.
Фото: EPA/NEIL HALL
World leaders caught on camera seemingly joking about Trump behind his back at the Nato summit pic.twitter.com/27uDkxRscx
— The Independent (@Independent) December 4, 2019