Макрон: Две жени и двајца мажи на челните позиции во ЕУ

290
ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni

Францускиот претседател Емануел Макрон  изјави дека тој се залага Европската унија во наредните пет години да ја предводат две жени и двајца мажи со силни личности, но не сакаше да ги открие имињата на своите фаворити за тие позиции.

– За мене е клучно луѓето на најчувствителните позиции да го делат нашиот проект и да бидат најхаризматични, најкреативни и најкомпетентни – рече Макрон по неформалната вечера на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека му е важно да постои родова рамноправност и оти затоа сака да се именуваат две жени и двајца мажи.

– Сакам да се обединиме. Ако секој остане цврсто за некои имиња, ќе бидеме блокирани – рече Макрон.

ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...