Макрон во Белград ќе се чува со „непробоен дијамант“

Мерките за безбедност ќе бидат на највисоко ниво. Макрон ќе се чува со т.н систем „непробоен дијамант“ што подразбира заштита во секој момент и во секој агол. 

3449

За безбедноста на францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговиот престој во Белград следната недела ќе се грижат четири илјади специјалци на српската полиција и армија како и припадници на француската Легија на странци, пишуваат српските медиуми.

Мерките за безбедност ќе бидат на највисоко ниво. Макрон ќе се чува со т.н систем „непробоен дијамант“ што подразбира заштита во секој момент и во секој агол.

Макрон доаѓа во понеделник попладне, а со него нема да биде сопругата Брижит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...