Има неколку објекти коишто се покрупни и емитуваат CO2, SO2 и кои нема веќе тоа да го прават од зимската сезона, така што секако очекувам намалување на аерозагадувањето. Вака вели заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, за Радио Слободна Европа.
– Континуирано работиме на мерки и активности за намалување на аерозагадувањето, во сегментите кои се дел од Планот за чист воздух. Допрва ќе ги видиме ефектите кога ќе почнат мерењата од октомври и од наредната грејна сезона – нагласува Макрадули.