Макрадули: Никој повеќе не ја сака ќерка ми од мене, затоа бидете сигурни ќе има чист воздух

3019

Не му велeте на детето дека е некултурно фрлањето на ливче на улица, туку речете му дека ја загадува животната средина, рече заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, сакајќи да покаже дека во однос на загадувањето на животната средина треба да се направи пресврт во однесувањето на сите.

Тој рече дека сите треба да влеземе во домовите и да им се објасни на семејствата дека некои од енергенсите загадуваат.

– Да влеземе во домовите и да им кажеме на семејствата дека одделни енергенси им штетат на нивните деца. Немојте да ми кажете дека некој повеќе ја сака мојата ќерка и ви велам дека воздухот ќе биде чист – рече Макрадули.

Тој во своето излагање на денешната јавна расправа во собраниската комисија за транспорт и врски за загадувањето презентира информации дека лани најголемиот дел од деновите загадувањето било на пониско ниво од дозволеното.

– Но тоа не влегува во податокот дека загадување има. Популизмот нема да ни помогне многу. Сите ПМ честитки не се канцерогени. На пример, поленот не е канцероген, чадот исто така не е канцероген. Дрвото не е канцерогено, но додатоците како пластика и други работи заедно со дрвата се. Јагленот, пак, е опасен – рече Макрадули.

Тој рече дека веќе е во план да се замени нафтата со гас.

– Ќе почнеме со институциите, училиштата, домовите. На 1.000 семејства ќе им се помогне да го променат начинот на загревање. Ќе се набават 20.000 конвертори за семејства во Скопје, Тетово… Ќе купиме 1.700 садници за градинките кои ќе чинат токлу колку 18 палми во Скопје купени пред тоа – наброи, меѓу другото, Макрадули.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ја покренаа јавната расправа за загадувањето предложија 19 мерки со кои, како што информира Влатко Ѓорчев кој ги презентираше, може да се подобри состојбата.

– Сервисирање на мерните инструменти, Министерството за животна средина да достави извештај за загадените точки во земјата, во буџетот за следната година да се планираат пари за купување на нови инструменти за мерење на аерозагадувањето, потоа доставување информација за катастарот на загадувачи, субвенции за хибридни возила, за печки на пелети, дислоцирање на товарните возила од улиците на градовите…. се дел од 19-те мерки – рече Ѓорчев.

Ѓорчев во својата презентација користеше информации од извештај на меѓународните организации според кои Македонија е најзагадена во европа, но не кажа дека тие податоци се однесуваат на 2015 и 2016 година.

– Од сѐ што вети оваа влада, ништо не оствари. Мерните инструменти не работат, не се преземени никакви мерки што се ветуваа. Петре Шилегов, сѐ што вети не оствари, министерот за животна средина никаде го нема, ги нема владините програми за намалување на загадувањето… – додаде Ѓорчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...