Макрадули: Значително помалку загадени денови годинава

251

Оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати средно-дневни концентрации на ПМ 10 честичките, изјави заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека координираната инспекција драстично ги намалила примерите на илегални палења.

– Во Скопје има повеќе зеленило, ослободени се дрва, поставени се зелени бариери меѓу пешаците и велоспиедистите и возилата. Има нови паркови и зелени кровови. Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи. Македонија е шампион во реформи во енергетска политика. Го намаливме ДДВ за парно греење, ја одржавме цената на струјата и таа е достапен извор за греење. Комплементарен придонес се и мерките во планот за чист воздух – прв стратешки документ донесен од Владата, која директно се справува со изворите на загадување со сопствени буџетски средства – нагласи Макрадули.

На новинарско прашање во врска со промената на греењето во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, тој изрази очекување дека до крајот на грејната сезона ќе профункционира.

– Се сложувам дека од административно-бирократски процедури доцниме со реализацијата на поставувањето на инвертори во студентскиот дом „Кузман“. Средствата се префрлени уште во септември. За жал од објективни, субејктивни причини не успеавме тоа да го започнеме. Обрска ни е на студентите да им е топло и затоа за жал се влезе во одборување на средства за мазут, но ве уверувам, тврдам, дека до крајот на грејната сезона тоа ќе биде реализирано – нагласи Макрадули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...