МАККАНАБИС: Пратениците да се освестат и да гласаат за извоз на цвет од канабис

483

Над 50 милиони евра е загубата на производителите на канабис за медицинска употреба предизвикана од забраната за извоз на цветот од канабис. Доколку не бидат донесени измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до распуштањето на Собранието со кои се овозможува извозот, загубата ќе порасне, а вработените, над 740, ќе останат без плати и ќе треба да бидат отпуштени. Државата, пак, ќе изгуби висок износ на девизен прилив.

Ова денеска на прес-конференција пред собранието го соопштија членовите на Здружението МАККАНАБИС.

Тие апелираат претседателот на Собаранието Талат Џафери да ги стави на дневен ред измените на Законот за контрола на опојни дроги и прихотропни супстанци до распуштањето на собранието, а пратениците да го изгласаат.

– Есенцијално е потребно овој закон да помине за да ја спасиме индустријата. Ги замолуваме сите парламентарни групи во Собранието да се освастат и сериозно да ја сфатат својата работа и во најбрз можен рок да го донесат законот. Бенефит од извозот на канабис покрај производителите и вработените во компаниите ќе има и државата и граѓаните на кои им е потребен овој медицински производ. Ние отворивме 740 работни места и бевме лидер во Европа во 2016 година, а денеска не можеме нашиот производ да го извеземе бидејќи немаме соодветен контролен механизам за да множеме да добиеме сертификати за извоз. А заинтересирани за нашиот производ во Европа и светот има – вели Костадин Дуковски, претседател на Здружението МАККАНАБИС.

Тој додаде дека девизниот приход за земјава ќе биде значаен кога ќе се овозможи извоз на цветот од канабис за производство на масло за медицинска употреба.
Од Здружението велат дека се соочуваат и со низа други ситуации поради тоа што не се донесени и подзаконските.

– Освен што ни е дозволено да произведуваме канабис ништо друго не е регулирано. На пример што да правиме се отпадот и слични работи. Поради застоите кои ни се прават со недонесување на Закопнот ние не можеме да исполниме ни други критериуми за да добиеме сертигфикат за извоз. Губиме пари, наместо да ги инвестиртсме во проширување на производството со изградба на лаборатории за производство на масло од канабис, со што би го зголемиле бројот на вработени и би го зголемиле приливот на пари за државата – вели Јане Севдински.

Од Здружението сметаат дека извозот на цвет од канабис ќе им овозможи побрзо да се изборат на пазарот и да ги исполнат строгите критериуми, бидејќи и на домашниот пазар фирмите кои произведуваат масло од канабис ги бараат европските критериуми за квалитет на цеветот.

Во земјава 40 компании имаат одобренија за производство на канабис, а само една компанија е при крај на добивање на лиценца за извоз.

Производството на канабаис за медицинска употреба се досволи во 2016 година со измени на Законот за контрола на опојни дроги ипсихотропни супстанции.

Новите измени на Законот овозможуваат извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што компаниите одгледувачи ќе можат веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко.

Со овие измени се овозможува формирање и државна Агенција за канабис, а производителите се надеваат дека тоа ќе помогне за забрзување на процедурите за извоз.

Овие измени на Законот закочија во собранието. Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ, во чие време беше донесен законот за легализација, обвини дека тие се во прилог на семејството на премиерот. Од опозициска партија велат дека предложениот закон претставува директна злоупотреба на моќ од страна на премиерот и неговите најблиски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...