Македонци по кражба во Словачка се пофалиле со слики на Фејсбук, полицијата ги уапси

Словачката полиција ги откри и обвини за кражбата.

1803

Тројца македонски државјани се обвинети од Словачката полиција за разбојништво со огнено оружје, кое го сториле на 3.октомври, по што се фотографирале со украдените десетиците илјади евра, а фотографиите ги објавиле на социјалната мрежа Фејсбук.

Според билтенот на полицијата во Трнава, разбојнштвото се случило во 6 часот наутро откако Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42) со пиштоли и солзавец спреј ги нападнале двете службенички пред влезот на поштата во општината Водеради и присилно им одзеле голема количина на евра.

По нападот, сега обвинетите, заедно со богатиот плен се дале во бегство, користејќи го автомобилот Киа Спортиџ , кој предходно Горан го паркирал во непосредна близина на поштата. Додека бегале со пленот, биле следени од полициски возила, па Славчо и Кристијан скокнале од автомобилот во близките полиља со пќенка каде го продолжиле бегството. Горан со автомобилот продолжил до селото Јелка, каде го оставил и продолжил да бега.

Ден по разбојништвото Славчо е уапсен во близина на селото Сладковичово, додека по другите двајца се уште се трага. Ги замолуваме сите кои знаат нешто во врска со настанот или ги познаваат разбојниците, да пријават во најблиската полициска станица – соопшти вчера портпаролката на полицијата во Трнава, Мартина Кредетусова.

Таа додаде дека, за разбојништво со употреба на огнено оружје во Словачка следува од 7 до 12 години казна затвор. По собирањето на доказите и проучувањето на случајот, полицијата покренала уште едно обвинение против тројцата македонски државјани за слично дело кое претходно го сториле во словачкиот град Жилина.

Слободен печат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...