Македонско-грчкиот комитет договори само нова средба во Атина

Делегациите одлучиле следниот состанок на Заедничкиот Комитет да се одржи на 12 и 13 април оваа година.

124

Новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка, потврдија одлучна заложба делегациите Северна Македонија и на Грција на Вториот состанок на Заедничкиот интердициплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, оформен согласно Преспанскиот договор.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, делегациите на заедничкиот Комитет имале суштинска дебата и усвоиле интензивен работен план за постигнувањето на заеднички прифатените решенија, врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

„Работејќи во колегијална и конструктивна атмосфера, двете делегации особено внимание посветија на прашањето за наставните програми и учебниците што се во употреба и договорија нивно усогласување согласно духот и словото на Преспанскиот договор. На Вториот состанок е потврдена одлучната заложба на членовите на Заедничкиот комитет, новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка“, се наведува во соопштението на МНР.

Делегациите одлучиле следниот состанок на Заедничкиот Комитет да се одржи во Атина на 12 и 13 април оваа година, на кој што се очекува работата од вториот состанок да биде надградена и унапредена, а со цел да се формулираат препораките за идно одобрување од страна на Советот за соработка на високо ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...