Македонско – бугарска комисија: Нема договор за Гоце Делчев

850

Седмата по ред средба на мешовитата бугарско-македонска комисија за историските прашања завршии без особен напредок, но двете страни изразуваат оптимизам дека овие несогласувања можат да бидат надминати, пренесе МКД.

Професорот Ангел Димитров, копретседавач на комисијата од бугарска страна, разговорите во Софија ги опиша како многу интензивни и полни со емоции.

– Имаме многу длабоки разлики во толкувањата од минатото и, пред сè, на начинот на кој сакаме да ги решиме контроверзните прашања и да го минимизираме она што нè спречува да ги земеме најпозитивните нешта од минатото – рече професорот Димитров.

Според најавите, на оваа средба требаше да се зборува за Гоце Делчев и да се најде формула дали е тој Македонец или Бугарин, но има на маса и други спорни прашања, како и чувствителни теми за двата соседни народи.

Наредната средба е закажана за во октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...