Одложениот натпревар Работнички – МЗТ Скопје Аеродром што требаше да се игра синоќа, но беше одложен поради проблеми со семафорот, ќе се игра вечер од 19 часот во Гостивар.
Тимот од „Градски парк“ откако не успал да ја доведе во ред техниката во својата сала, одлучил да биде домаќин во салата „Младост“ во Гостивар.
Неофицијално, натпреварот ќе се игра без присуство на публика.