„Македонски Пошти“ на два дена пред распуштање на Собранието вработува 280 поштари ФОТО

1344

„Македонски Пошти“ во пресрет на изборите распиша оглас за вработување на 280 поштари. 107 лица ќе се вработат во Скопје, 21 во Кочани, 20 во Битола, по 17 во Гостивар и Струмица. Огласот излегува два дена пред распуштањето на Собранието. Според Антикорупциската комисија, станува збор за директно влијание врз гласачите.

Од „Македонски Пошти“ преку соопштение велат дека им се неопходни поштари.

„Овој број на пошторазнесувачи во изминатиот период беше ангажиран со договор за услуга – договорен пошторазнесувач и не беше опфатен со последниот конкурс кога беа примени 80 шалтерски работници. Неопходноста од прием на пошторазнесувачи е со цел, да се обезбеди давањето на универзалната поштенска услуга на целата територија на државата со утврден квалитет и пристапни цени за корисниците“,  соопшти ја од  „Македонски пошти“.

Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска вели дека ќе преземат мерки огласот на „Македонски пошти“ да се стави во мирување и да се активира по 12-ти април.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...