Македонски камион се преврте на автопатот Ниш – Белград

703

Камион со македонски регистарски ознаки се преврте изутрина во 8.30 часот на автопатот Ниш – Белград, кај Алексинац, поради што сообраќајот на патниот правец е во прекин, соопштија од Јавното претпријатие за патишта на Србија.

Според полицијата, возачот на камионот со прва помош е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, но не е позната неговата здравствена состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Засега не е познат идентитетот на возачот, ниту причината за сообраќајната незгода

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...