Македонски и бугарски тимови на обука во Полска за претседавањето со Берлинскиот процес

115

Бугарија и Македонија ќе испратат заеднички тимови во Полска и во Велика Британија, за да разменат искуства во организирање на заедничкото претседателство на Берлинскиот процес што Софија и Скопје преземат во текот на 2020 година.

Ова е договорено на работната срдба во Познан на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан.

На средбата на која присуствуваше и амбасадорот Виеслав Таркан, координатор на Берлинскиот процес  на актуелниот претседавач Полска, беа разгледани прашања од идната агенда на заедничкото претседателство, како и иницијативи за активното вклучување на граѓанското општество, а особено на младите луѓе во приоритетите на претседателството, пренесе БГНЕС.

Димитров, Захариева и Данкан учествуваат на министерскиот форум што се одржува во Познан како дел од Самитот на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...