Македонски и бугарски бизнисмени: Итно да се изгради гасно поврзување Струмица – Петрич

На тракалезната маса на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, бизнисмените го презентираа проектот на гасоводната интерконекција, според кој, гасоводното поврзување е еден од наједноставните и најбрзите начини на поврзување на земјава со големите гасоводи ( ТАП и ТАНАП), во регионот кои ја снабдуваат Европа со гас.

495

Изградба на втора меѓусебна врска со гас помеѓу бугарскиот систем за пренос на гас и македонскиот гасоводен систем Струмица – Петрич што ќе придонесе за интеграција на националниот систем за пренос на гас на земјава во регионалната и европската гасоводна мрежа побараа денеска Македонско Бугарската комора и Бугарско Македонската трговско индустриска комора.

На тракалезната маса на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, бизнисмените го презентираа проектот на гасоводната интерконекција, според кој, гасоводното поврзување е еден од наједноставните и најбрзите начини на поврзување на земјава со големите гасоводи ( ТАП и ТАНАП), во регионот кои ја снабдуваат Европа со гас.

– Ние го подготвивме проектот и сега останува владите од двете земји да го забрзаат процесот. Потребно е да се формира заедничко претпријатие кое ќе знае како да го реализира проектот. Потоа реализацијата оди брзо бидејќи дневно се градат и по 10 километри гасовод. Премиере Заев вие веќе обезбедивте безбесност и сигурност за бизнисите, сега фокусирајте се на природната енергија. 2020 година која е прогласена за сина година во светот поради природните енергенци нека биде и година на природните енергенси во земјава  – рече претседателот на Македонско Бугарската комора Кирил Лазаров.

Неговиот колега од Бугаро Македонската трговско индустриска комора, Пламен Павлов рече дека изградбата на гасниот интерконектор би чинела од 20 до 25 милиони евра, а изградбата би траела два до три месеци.

– Но вашата земја би требало да го заврши гасоводниот прстен за да може да се вклучи во европската мрежа и да биде дел од целокупниот гасен систем – рече Павлов.

Премиерот Зоран Заев даде ветување дека на првата средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов закажана за крајот на годината, покрај другото ќе го покрене и прашањето за интензивирање на активностите за изградба на овој гасоводен интерконектор но и другите инфраструктурни објекти.

– Неговата изградба силно ја поддржувам бидејќи ќе ѝ овозможи на земјава да обезбеди природен гас од два влеза до големите гасоводи ТАП и ТАНАП), во регионот кои ја снабдуваат Европа со гас и во наредниот период и преку Грција до пристаништата во Пиреј и Солун ќе се обезбеди и американски течен гас . Секогаш е подобро да се има повеќе извори на енергенси отколку еден – рече Заев.

Заев рече и дека земјава е заинтересирана за обезбедување и енергетска сигурност преку учество во изградбата на нуклеарката во Бугарија , но и завршувањето на патната и железничката инфраструктура..

– Ние ги следиме случувањата во однос на изградбата на нуклеарката во Бугарија, но на тамошната влада е редот да донесе одлука како ќе го реализира овој значаен проект- рече Заев.

Тој кажа и дека во изградбата на гасоводната мрежа и затворање на гасоводниот прстен во земјава се вложува многу.

-Во едното поврзување сме стигнати до Битола и одиме натаму, а од Западниот дел сме стигнати до Гостивар и продолжуваме натаму за да го затвориме прстенот и да овозможиме балансирано снабдување со гас не само на земјава туку и на регионот преку новите интерконекции што се значајни за нас – рече Заев.

Бизнисмените сметаат дека ваквото гасоводно поврзување како и реализацијата на другите комуникациски проекти: патните, железничките и на елекктирчна енергија ќе влијаат на подобрување на конкурентноста на нивните производи и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Затоа ги повикаа двете влади да ги забрзаат проектите за поврзување и интегрирање на економиите.

Од двете комори потсетија и на Белата книга односно Акцискиот план за разбирање и соработка при формирање на поволна бизнис клима за економска, технолошка и техничка соработка помеѓу двете држави од почетокот на годината во која се посочува на 12 важни сектори кои би ја подобриле регионалната соработка, но и би ја зголемиле трговската размена меѓу земјите.

Книгата му беше врачена на Заев, а во Бугарија ќе ја добие и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Сегашната комуникациска состојба овозможува само раст на трговската размена меѓу двете земји од 5 отсто на годишно ниво што е малку со оглед на она што може да се направи ако инфраструктурните објекти се реализираат – вели Лазаров.

Покрај знашењето на формирањето на регионален енергетски пазар и комуникациското поврзување, бизнисмените од двете земји се залагаат за формирање на регинален пазар на труд, на регионален пазар на стоки и услуги преку олеснување на пазарното поврзување меѓу двете земји, проширување на пазарот на туристичките услуги како и продалабочување на соработката во лесната индустрија и земјоделството со што размената би достигнала многу повисоки бројки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...