Македонски иселеници во Мелбурн запалија макети од Заев и Шекеринска

764

Група македонски иселеници при вчерашните протести против промената на името и Преспанскиот договор пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија, запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и од вицепремиерката и министерка зза одбрана Радмила Шекеринска.

Тие носеа знамиња со сонцето од Вергина и извикуваа навредливи зборови за актуелната власт за името: „никогаш северна, само Македонија”.

Знаме со сонцето од Кутлеш беше истакнато и на јарболот пред македонскиот конзулат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...