Македонски изведувачи на Карпошово културно лето

175

Претстојниот викенд на платото пред ТЦ „Лептокарија“ ќе се одржи традиционалното Карпошово културно лето.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска ги повика сите граѓани да се придружат и да бидат дел од програмата наменета за сите граѓани.

– Оваа година ставаме фокус на македонските изведувачи, пејачи и артисти, а програмата ќе ја води нашиот познат актер и мултимедијален лик, Сашко Коцев. Имаме содржини и перформанси прилагодени за сите генерации, три вечери исполнети со поп и рок музика, диџеи, етно звуци и забава за најмладите – рече Богоев.

Утревечер на платото пред ТЦ „Лептокарија“ ќе настапат деца учесници на детскиот фестивал „Златно славејче“, Дарио Панковски, групата „Нон-Стоп“ и пејачката Кристина Арнаудова.

Во сабота граѓаните ќе ги забавуваат фамилијата на Петко 5+, ГуруХаре и пријателите ИгорЏамбазов, Дани, ТањаТас, Дамир Имери на клавијатура и Трајче Велков на труба.

За недела е предвиден настап на фолклорното студио Етнос, Чалгија саунд систем, Златко Ориѓански и Бени Шаќири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...